8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови мотори за компактните модели на Mercedes

Нови мотори за компактните модели на Mercedes

merce

„Mercedes“ ја збогати понудата за погонските единици во моделите од „A сlasѕ“, „B сlasѕ“ и „CLA сlasѕ“.

Па така новиот основен дизел модел во A и B сlasѕ ќе биде везијата 160 CDI или 1.5 литарски четирицилиндричен турбо-дизел со 66 kW/90 ks и максимален вртежен момент од 220 Nm.

Според податоците од производителот „Mercedes A сlasѕ“ опремен со овој агрегат ќе биде во можност  од 0 дo 100 km/h да забрза за 13.8 секунди, додека за истата брзина на „B сlasѕ“ ќе и биде потребно околу 14 секунди. Максималната брзина кај двата автомобили е 180 km/h, a просечната потрошувачка во комбинирано возење инесува 3,9 l/100 km зa „A сlasѕ“ и 4,1 l/100 km зa „Mercedes B сlasѕ“.

Што се однесува до „B сlasѕ“, „Mercedes“ дополнително ја прошири понудата на овој автомобил со новиот B 180 CDI и верзијата B 220 4MATIC.

Првиот од двата модели е опремен со 1.5 литарски четирицилиндричен турбо-дизел мотор кој произведува 80 kW/109 ks. Иако има иста снага како и актуелниот модел со ознаката B 180 CDI, верзијата од 15 литри има помала работна запремнина (1.461 ccm во однос на 1.796 ccm), a намалена е и потрошувачката на гориво од 4.4 на 4.1 l/100 km.

Максималната брзина останува иста и изнесува 190 km/h, a забрзувањето од 0-100 km/h се постигнува за 11.6 секунди. Од септември ќе бидат достапни и верзијата „BlueEFFICIENCY“ кај која потрошувачката ќе биде уште пониска и ќе изнесува 3,8 l/100 km.

Што се однесува до „Mercedes B 220 4MATIC“, него го придвижува четирицилиндричен 2.0 литарски бензински мотор кој развива 135 kW/184 ks. Агрегатот е поврзан со седумстепен автоматски менувач со двојно квачило и овозможува автомобилиот да забрза до „стотка“ за 7.5 секунди и да постигне максимална брзина од 225 km/h.

merce1

Кога станува збор за најновиот компактен модел на германскиот гигант, купе лимузината „CLA“,  на постоечките верзии во продажба ќе им се придружат и веќе најавените „CLA 250 4MATIC“, „CLA 45 AMG“ и „CLA 45 AMG Edition 1“.

„Mercedes CLA 250 4MATIC“ располага со мотор со снага од 155 kW/211 ks и поседува погон на сите четири тркала. Од 0 дo 100 km/h стигнува за 6.6 секунди, пред да ја развие максималната брзина од 240 km/h. Кај германскиот производител тврдат дека автомобилот просечно троши 6,4 l/100 km со CO2 емисија  од 151 g/km.

На врвот на гамата „CLA сlasѕ“ се наоѓаат два спортски „AMG“ модели. Двата под хаубата имаат 2.0 литарски четирицилиндричен трубо-бензински мотор кој произведува дури 265 kW/360 ks.

Разликата меѓу стандардниот „AMG“ и моделот „Edition 1“ е во некои козметички детали и опциони пакети. „Mercedes CLA 45 AMG Edition 1“ ќе биде достапен на пазарот само во текот на одреден временски период, па со самото тоа има и одредена колекционерска вредност.

Новите верзии на компактините автомобили на „Mercedes“ може да се порачаат веќе од јули, а во продажните салони ќе пристигне во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП