19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкари отпуштаат вработени, а менаџментот нарачува скапи одела

Банкари отпуштаат вработени, а менаџментот нарачува скапи одела

Германската Deutsche Bank во понеделникот почна да отпушта голем број на вработени во Њујорк, Лондон и Сингапур, додека менаџментот истиот ден пробувал нови одела од најексклузивните кројачи, пишуваат германските медиуми.

Имено, додека фоторепортерите чекале пред зградата на Deutsche Bank во Лондон фотографирале двајца луѓе кои носеле торби за одела.

Како што се испостави, станува збор за претставници на најлуксузните лондонски кројачи.

Алекс Рајлеј и Филдинг Калкут од кројачката продавница Fielding and Nicholson биле кај повеќе директори кои пробувале нарачани одела, и тоа на денот кога првите 18.000 отпуштени работници ги напуштале нивните работни места.

“Нашиот тајминг не беше добар”, признале Fielding and Nicholson во изјавата за Financial News.

Германските медиуми наведуваат дека само едно одело од оваа лондонска куќа чини најмалку 1.100 фунти и дека кројачите на него работат и до осум недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП