26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветскиот економски форум се сели: Давос прескап и за лидерите

Светскиот економски форум се сели: Давос прескап и за лидерите

Најпознатиот собир на светски познатите политичари, бизнисмени, банкари, инвеститори и економисти популарно наречен Светски економски форум сака да се пресели од Давос, место каде што традиционално се одржува секоја година, бидејќи цените во швајцарскиот град се прескапи за нив.

За шест месеци би требало да се одржи 50. Светски економски форум, но основачот на овој настан, Клаус Шваб, изјавил дека размислува за друго место за одржување, бидејќи цените дополнително поскапеле и тоа е голем финансиски товар.

Менаџерот истакнал дека сака да го продолжи партнерството со Давос, но тоа значи дека градот мора да обезбеди најмалку 2.800 хотелски соби по поволни цени, како и дополнително сместување за соработници. Инаку, апартманите во Давос чинат неколку илјади евра по ноќ.

Шваб изјавил дека самите гости имаат чувство дека плаќаат неразумни цени и дека нивното зголемување создава неугодност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП