20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.07.2019

Дневен хороскоп 08.07.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаат пријателите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на се негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не двоумете се, соберете храброст и јавете и се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди се според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не бидете тврдоглави и почнете да му верувате на партнерот. Ако не ви се јави еден ден, не значи дека ве изневерува. Oчекувајте емоционална средба со некој пријател што долго не сте го виделе. Внимавајте на вашето здравје.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес можеби ќе се разочарате од некој ваш пријател, кој ќе биде зафатен кога ќе побарате некаква помош од него. Не очајувајте, вдишете длабоко и пробајте да го решите проблемот сами. Доколку не можете, обратете се на друга личност.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Како и секогаш, па така и денес коректно ќе ги извршите сите задачи кои ќе ви бидат доделени, а можеби и ве очекува бонус за сработеното. Посветете повеќе внимание на семејството, бидејќи во последно време бевте премногу отсутни поради вашата работа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

За денеска планетите се така распоредени што во текот на целиот ден ќе чувствувате позитивни вибрации. Не сфаќајте ги толку сериозно коментарите на вашите пријатели, тие само го сакаат најдоброто за вас.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Денес можеби ќе имате можност за почеток на некој нов проект, но добро размислете дали ќе можете да го реализирате до крај. Во вечерните часови релаксирајте се дома гледајќи некој филм.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Уште еден ден со проблеми на работа. Ако очекувавте овој ден да ви донесе успех, тогаш откажете се од таа идеја. Едноставно, пробајте да го истуркате денот најдобро што можете, а утре е веќе нов ден, со нови исполнувања.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку не сте во врска, оваа вечер е совршена за да го промените тоа. Доколку се состанувате со некоја личност предложете и да преминете на наредното ниво. Не се грижете за секојдневните проблеми, нив секој ги има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП