
Русија испратила 32 сателити во орбитата од неодамна изградениот космодром Vostochny.


Русија испратила 32 сателити во орбитата од неодамна изградениот космодром Vostochny.
Меѓу лансираните сателити се вселенски летала за следење на времето и екосистемот Meteor-M No.2-2, како и летала од САД, Германија и Франција.
Целта на сателитот Meteor-M, тежок 2,6 тони, е проучување на температурата на океанот, озонската обвивка и топење на океаните од орбитите од околу 850 километри, а планираниот период на делување е 10 години.
Космодромот Vostochny е на далечниот исток во Русија, околу 8.000 километри источно од Москва, отворен е пред три години за да ја намали руската зависност од космодромот Бајконур во соседен Казахстан.
Откако е отворен Vostochny, биле направени пет лансирања. Четири од нив биле успешни, вклучувајќи го и овој последниот.