18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИст производ, различна цена – во Македонија секогаш поскапо

Ист производ, различна цена – во Македонија секогаш поскапо

Ист производ, различна цена а во Македонија секогаш поскапо. Ова особено важи за облеката и техниката која во соседството е од 10 до 30% поевтина отколку кај нас.

Трговците се правдаат дека пазарот ја диктира цената – малата потрошувачка значи мала заработка а трошоците мора некако да се надоместат.

„Ако зборуваме за меѓународни брендови кои се присутни со франшизи не може да стане збор за големи отстапувања, Цените ги диктира централата “ објаснува Синиша Томески, пазарен аналитичар. „Сепак и тогаш има отстапувања – централата одредува неколку ценовни нивоа кои се прилагодуваат на локалните услови особено на прометот и обртот“ објаснува тој.

Ист меѓународен бренд ги нуди производите по различни цени во различни земји. На македонската верзија на нивниот интернет сајт производите се во просек 10% поскапи отколку на шпанската, грчката или бугарската верзија.

„Тоа се мали разлики кои се должат и на конверзијата од евра во денари. Данокот не е ист во секоја држава. Кај нас е реално помал отколку во Грција, но закупнините се поголеми а и прометот не може да се спореди. Треба да се земат предвид и трошоците за транспорт“ вели Томески.

Разликите се најдрастични при попустите и промоциите. На пример, една иста јакна при сезонска распродажба во Скопје достигнува цена од 2.000 денари (33 евра), но во Шпанија и Бугарија се спушта и до 20 евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП