30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиту да се доближат до Amazon: Walmart на е-трговијата губи милијарда долари

Ниту да се доближат до Amazon: Walmart на е-трговијата губи милијарда долари

Американскиот малопродажен ланец Walmart оваа година очекува најмалку милијарда долари загуба во секторот онлајн трговија, на кој требаше да парира со онлајн гигантот Amazon.

Според пишувањата на Yahoo Finance, повеќе извори потврдиле дека обидите на Walmart да конкурира со Amazon се безуспешни, што довело до внатрешни притисоци да се намалат загубите во секторот на е-трговија.

Според проекциите, е-трговијата ќе направи загуби од една милијарда долари на приходите помеѓу 21 и 22 милијарди.

Наводно, Walmart е разочаран од Jet, неговата онлајн трговија за која во 2016 година платил 3,3 милијарди долари, а зголемените загуби ја довеле во прашање и позицијата на извршниот директор Марко Лоре.

Бордот директори на Walmart поради тоа, бара од Лоре да ги намали загубите во е-трговијата, а еден од поголемите потези би можел да биде продажбата на три модни брендови, сите три непрофитабилни, а купени под негов менаџмент (Bonobos – 310 милиони, Eloquii – 100 милиони и Modcloth – 50 милиони долари).

Од американскиот трговски ланец одбија да ги коментираат овие наводи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП