19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот старап Dott собра 30 милони евра за лансирање на е-велоспипеди и...

Европскиот старап Dott собра 30 милони евра за лансирање на е-велоспипеди и е-скутери

Стартапот Dott собра 30 милиони евра преку платформа за собирање на средства за да започне производство и на пазарот да лансира нова генерација на електрични велосипеди и електрични скутери кои би требало да ги заменат автомобилите во урбаните средини.

Споменатите средства биле обезбедени од инвеститорите EQT и јужноафриканската компанија Naspers, објави агенцијата Reuters.

Компанијата Dott, чии е-скутери се присутни во Брисел, Париз, Лион и Милан, објавила дека наскоро ќе ја затвори рундата на финансирање “серија А”, и дека собраните средства ќе се вложат во лансирањето на два нови модели на е-скутер со заменливи батерии, што би требало да го продолжи животниот век на скутерот, додека во следните неколку месеци ќе се лансира нова генерација на е-велосипеди.

Европските компании Dott, Tier и VOI, како ривали на американските компании Bird и Lime, донеле на европските патишта илјадници електрични скутери, а само во минатата година успеале да се здобијат со значителни средства и да привлечат високопрофитабилни инвеститори, како Alphabet, сопственик на Google и компанијата Uber.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП