
Најголемиот светски производител на пиво најави излегување на берза при што се надева дека ќе собере дури 9,8 милијарди долари и така ќе ја забележи најголемата овогодишна иницијална понуда на акции(IPO) во светот.


Најголемиот светски производител на пиво најави излегување на берза при што се надева дека ќе собере дури 9,8 милијарди долари и така ќе ја забележи најголемата овогодишна иницијална понуда на акции(IPO) во светот.
Поконкретно, дури 1,6 милијарди акции ќе продаде Budweiser Brewing Company APAC која е дел од пивскиот гигант Anheuser-Busch inBev, a во неговото портфолио има над 50 брендови на пиво меѓу кои се Stella Artois, Beck’s i Corona. Budweiser своите акции ќе ги излиста на Хонг Конгшката берза на 19 јули, а нивната почетна цена ќе биде меѓу 5.13 и 6.02 долари по акција, со што компанијата, според Reuters, треба да собере помеѓу 8,3 и 9,8 милијарди долари.
AB InBev стана најголем производител на пива во светот со задолжување на големи количини на пари со цел да си дозволат да платат голем број на превземања, а последното во 2016 година, кога го купи неговиот ривал SABMiller, долгот на компанијата скокнал на 102.5 милијарди долари. Затоа, многумина веруваат дека тоа всушност е обид да се спаси задолжената компанија. Сепак, од компанијата како главна причина за претстојното IPO ги навеле потенцијалните нови аквизиции и “станување лидер на азиско-пацифичкиот регион, каде што продажбата се уште расте, а богатите потрошувачи тргувуваат со висока маржа на квалитетни пива”.
Ако цената на акциите на Budweiser достигнат дури и најниска поставена цена, тој IPO сеедно ќе биде најголем оваа година и ќе надмине 8,1 милијарди долари колу што во мај на Wall Street собра Uber. Покрај тоа, само котацијата на тие акции ќе биде и повеќе од добредојдена за помош на берзата во Хонг Конг која каска зад New York и Nasdaq. Оваа година, преку IPO во тој кинески административен регион биле собрани 8,9 милијарди долари, додека неговите американски ривали собрале 14,9 односно 17,5 милијарди долари.
Спонзори на ова IPO се JPMorgan и Morgan Stanley, додека глобални координатори се Bank od America, Merrill Lynch и Deutsche Bank.