29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДрама: Полицијата влегла во Renault, се претресуваат простории

Драма: Полицијата влегла во Renault, се претресуваат простории

Полицијата влезе во седиштето на француската автомобилска компанија Renault и врши претрес на простории и ја прегледува документацијата.

Потврда за оваа вест пристигна од Renault, каде што потврдиле дека се спроведува претрес, но наведоа и дека нема да коментираат за истрагата.

Француското списание L’Express објави дека рацијата била спроведена како дел од тековната истрага против поранешниот шеф на Renault, Карлос Госн, кој се соочува со обвиненија за фалсификување на финансиски извештаи и злоупотреба на позицијата за да добие лична корист.

Госн ги негираше ваквите обвинувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП