Изработката на рендерирани фотографии и нивно рачно едитирање трае со саати ако сакате да постигнете квалитетни резултати. Истражувачите од MIT и IBM го менуваат тоа од корен. Тие направија вештачка интелигенција која е во состојба “од нула” да генерира слики со фотографски квалитет, или интелигентно да ги уредува постоечките објекти на нив.
Алатката која е наречена GANpaint Studio им овозможува на корисниците на фотографијата да го обележат делот кој сакаат да го променат, како и кој објект сакаат да го постават или отстранат од тоа место, а резултатите ќе бидат видливи за неколку моменти. Иако засега се работи само за “proof-of-concept” софтвер, истражувачите се надеваат дека GANpaint Studio еден ден ќе може на ист начин да уредува и видео клипови.
За време на развојот на софтверот, истражувачите успеале да го научат системот да препознава некои едноставни правила – како да не се постават врати и прозорци на небо. Програмата инаку користи GAN, збир на нервни мрежи, кои се развиени меѓусебно да се надополнуваат – на тој начин откриваат меѓусебни врски помеѓу предмети, што помага во одлуката кој објект може да се прикаже. Во исто време, овој софтвер им помага на научниците да препознаваат лажни фотографии.