4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Договорот со Кина ќе биде во корист на Америка

Трамп: Договорот со Кина ќе биде во корист на Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека трговските разговори со Кина се во тек и дека секој договор би требало да оди малку повеќе во корист на Соединетите Држави.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се договориле на состанокот одржан во саботата на Самитот Г20 во Јапонија, повторно да започнат трговските разговори, по падот на последниот круг во мај, потсетува агенцијата Reuters.

Трамп на новинарите им изјавил дека американските и кинеските преговарачи “интензивно разговараат по телефон”.

“Тоа во основа веќе започна. Мислам дека имаме добри шанси да постигнеме договор”, изјави Трамп.

Додал, дека очекува преговарачката позиција на Кина да се приближи на ставот на Вашингтон.

Трамп го повтори неговиот став дека Кина веќе “многу години” остварува ”голема предност” над САД во трговијата.

– Значи, очигледно не можете да склучите договор 50-50. Тоа мора да биде договор кој донекаде надминува во наша корист – изјавил Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП