7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei и понатаму е на црната листа

Huawei и понатаму е на црната листа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да ја отстрани кинеската компанија за телекомуникации Huawei од црната листа.

Меѓутоа, Трамп додаде дека ќе им дозволи на американските компании да продаваат компоненти на Huawei .

Судбината на Huawei стана централна тема во трговската војна помеѓу САД и Кина. Трамп на самитот на Г20 во Осака објави дека преговорите на двете страни ќе продолжат.

Претседателот на САД, сепак изјавил дека за Huawei ќе одлучува на крајот од трговските разговори.

Тој изјавил дека и директорката за финансии на Huawei, Менг Вангжу, која во Канада беше уапсена од страна на САД, не била тема на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП