11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА(Видео) Трамп и Си се договорија за прекин на трговската војна

(Видео) Трамп и Си се договорија за прекин на трговската војна

Кина и САД се вратија на правиот пат кон постигнување на трговски договор, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп по состанокот со кинескиот претседател, Си-Џинпинг на маргините на состанокот Г20 во Осака.

Како што оценуваат медиумите, оваа изјава на Трамп означува постигнување на договор помеѓу двајцата лидери за „нов прекин на огнот“ во трговската војна помеѓу САД и Кина, која трае веќе една година.

Истовремено, кинеските медиуми јавија дека САД и Кина се договориле да ги рестартираат преговорите за трговијата и дека Вашингтон нема да воведе нови санции на увозот на кинеската роба.

Трамп по состанокот со Си оцени дека средбата излегла подобро од очекуваното, пренесе „АП“.

„САД се подготвени за праведен договор со Кина, кој би бил од историски размери. Мислам дека сме блиску до тоа“, изјави Трамп.

Изјавата на Си истотака беше позитивна.

„САД и Кина ќе добијат многу ако соработуваат“, рече тој.

Инаку, средбата на Трамп и Си траеше 80 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП