4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд понеделник стартува мерката за поврат на ДДВ од 15 отсто

Од понеделник стартува мерката за поврат на ДДВ од 15 отсто

Од понеделник стартува повратот на ДДВ од 15 проценти.

Од владејачката партија преку соопштение велат дека повратот на 15 отсто е уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните.

„Достапноста на оваа мерка е многу едноставна за користење, бидејќи се употребува единствено мобилен телефон со кој преку апликација се скенираат фискалните сметки кои ги добиваат граѓаните при купување или користење на некоја услуга. Преку оваа мерка, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките кои значат економски раст, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард на сите“, велат од владејачката партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП