23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаминувањето на Џони Ајви, Apple го чинеше девет милијарди долари

Заминувањето на Џони Ајви, Apple го чинеше девет милијарди долари

Дали некогаш сте се запрашале колку Џони Ајви и неговиот дизајн биле важни за компанијата Apple? Според податоците од берзата објавени во четвртокот, со заминувањето на овој гениј Apple изгубил најмалку девет милијарди долари.

Имено, тоа е пазарната вредност која Apple ја загуби кога акциите на компанијата паднаа за повеќе од еден процент откако се појавија информации дека главниот дизајнер поднесе оставка и дека се бти кон сопствен бизнис, пишува Bloomberg.

Ајви започна да раководи со дизајнерскиот тим на Apple во 1996 година, а во 2012 година беше задолжен и за дизајнирање на софтверот. Тој беше една од најважните личности во Apple за време на неговиот мандат, изјавил аналитичарот Ведбуш Даниел Ивс.

“Од неговите визии за iMac до неверојатната трансформација на iPhone, неговите отпечатоци се длабоко втиснати во јадрото на Apple. Заминувањето на Ајви остава огромен јаз во компанија кој ќе биде тешко да се пополни”, изјавил Даниел Ивс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП