19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 10 најмирољубиви земји во светот, Македонија на 65. место

Топ 10 најмирољубиви земји во светот, Македонија на 65. место

Исланд е земја со највисок индекс на мир во светот, покажува истражувањето на Институтот за економија и мир, кој неодамна е објавен.

По Исланд следи Нов Зеланд, Португалија и Австрија, а петтото место го зазема Данска. На шестото место се наоѓа Канада и тоа пред Сингапур, додека осмото место и припадна на Словенија.

Во топ десет земји влегле и Јапонија и Чешка, a заедно со Швајцарија, Ирска и Австралија, наведените земји претставуваат посебна категорија на земји со многу висок степен на мир.

Од друга страна, нашата земја се најде на 65. место, Црна Гора се најде на 67. место на ранг листата, Србија го зазема 50. место, а Хрватска 28 позиција.

Босна и Херцеговина го зазема 81. место, а Косово 86-то место, и овие две земји се дел од групата на држави со умерен степен на мир.

Последното место на списокот го зазеде Авганистан, и тоа зад Сирија, Јужен Судан, Јемен и Ирак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП