9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТреба ли да се продаде бизнисот?

Треба ли да се продаде бизнисот?

prodazbabiznos

Еден од основачите на Vimeo вели дека никогаш не треба да ја  продавате својата компанија.

Џејк Лодвик, ко-основачот на популарната видео платформа Vimeo, вели дека продажбата на бизнисот е една врста на неуспех. Тоа звучи толку погрешно што дури и Лодвик не верува во истото.

Аквизицијата е на крај на сонот велат многуте интернет претприемачи! Еве неколку причини зошто треба да се продаде сопствениот бизнис.

 

Продажба за да се стартува со нешто поголемо и подобро

Продажбата на бизнисот не значи дека тоа е крајот на сонот, туку спротивното. Кога Ричард Бренсон го продаде Virgin Records за 500 милиони фунти имал доволно капитал за да започне со компанијата Virgin Atlantic.

Тед Тарнер ја продал својата група на радио станици за да ги инвестира парите во TBS, а подоцна во CNN. Еван Вилијамс го продал Blogger Google, и по продажба на истиот имал доволно средства за да започне со други работи. Една од нив е Obvious Corp која го формираше Twitter.

 

Големите компании имаат потреба од различни лидери во различни фази

Во 1971 година, Џери Болдвин, Зев Сигл и Гордон Боукер формираа мала компанија за продажба на кафе. Нивниот бизнис е значително напредувал и по 16 години тие одлучиле да ја продадат својата компанија за 3.8 милиони долари на амбициозниот Хауард Шулц.

Веројатно не ни помисливте дека оваа компанија е всушност познатата Starbucks кој Шулц комплетно го промени и создаде нова бизнис култура, а првобитните сопственици го стартуваа нивниот втор бизнис Peet’s Coffe & Tea кој е исто така многу познат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП