28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung испорача еден милион Galaxy S10 5G телефони во Јужна Кореја

Samsung испорача еден милион Galaxy S10 5G телефони во Јужна Кореја

Samsung е дефинитивно доминантен на јужнокорејскиот пазар за 5G телефони. Најновите извештаи укажуваат на тоа дека овој гигант на домашниот пазар доставил еден милион Galaxy S10 5G телефони во текот на првите 80 дена од достапноста на уредот.

Ако го поделите вкупниот број на продадени телефони со бројот на денови на достапност, ќе добиете дека секој ден се продавале околу 12.500 Galaxy S10 5G телефони. Да ве потсетиме, 5G верзијата се разликува од обичната верзија, пред се со уште подобра камера, поголеми димензии, како и присуство на батерија со поголем капацитет.

Втор на листата на 5G уреди е LG, односно неговиот V50 ThinQ 5G. LG успеал да продаде 280.000 од овие телефони од 10 мај, кога уредот станал достапен. Иако се работи за сосема респектабилна цифра, јасно е дека Samsung е далеку понапред по бројот на продадени копии. Интересно е дека овие податоци се однесуваат само на Јужна Кореја, што значи дека прифаќањето на 5G стандардот веќе земал значителен замав, за разлика од “некои” земји, каде што активно протестираат против оваа технологија и шират гласини налик на познатиот “Haarp”.

5G мрежата веќе е имплементирана во Јужна Кореја. Но, самиот телефон може да се нарача и надвор од неа. Конкретно, Galaxy S10 5G е достапен во Велика Британија кај ЕЕ и Vodafone операторите, но и во Соединетите Држави кај операторите Verizon и Sprint.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП