20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit нема да поднесе понуда за Commerzbank

UniCredit нема да поднесе понуда за Commerzbank

Италијанската UniCredit банка ја отфрли можната понуда за Commerzbank, бидејќи германскиот ривал не сакал да учествува во преговорите толку брзо по колапсот со преговорите за соединувањето со Deutsche Bank, според четири извори за Reuters.

UniCredit ги забрза подготовките за потенцијално превземање на Commerzbank со ангажман на Lazard и неговиот банкар Јогер Асмусен, поранешен германски заменик министер за финансии, заедно со JP Morgan, изјавиле во мај луѓе запознаени со тоа прашање.

Тоа ги зголемило шансите за договор кој на најголемата италијанска банка ќе и овозможи да го премести нејзиниот фокус од проблематичниот домашен пазар, што е клучна стратегија на главниот извршен директор Жан-Пјер Музиер.

Но, советниците немале среќа да разговараат за можната понуда со Commerzbank, која ги претставува Goldman Sachs и Rothschild, и тие останале во подготвеност, велат изворите.

Музиер бил принуден да ги стави неговите амбиции на чекање, бидејќи Commerzbank побара “простор за дишење”. Од германската банка соопштиле дека не биле подготвени да преговараат за уште една голема работа за толку кратко време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП