27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСедми по ред Конгрес на педијатри во Струмица од 25-ти до 28-ми...

Седми по ред Конгрес на педијатри во Струмица од 25-ти до 28-ми јуни

Утре, 25ти јуни 2019 година, во Струмица, во хотелот Сириус ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28ми јуни оваа година.

Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП