Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Извршниот директор на Мигрос Групацијата Озѓур Торт, е избран на чело на светската малопродажба

Време: 10:06

Датум: јуни 21, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

За прв пат претставник од турска компанија е избран за копретседател на Consumer Goods Forum

Извршниот директор на Мигрос Групацијата(Мајка компанија на Рамсторе Македонија) Озѓур Торт, стана претседател на светската малопродажба на Consumer Goods Forum (Форумот за потрошувачки добра -CGF), кој претставува чадор организација на водечките светски производители на мало и производи за брза потрошувачка.Озѓур Торт кој моментално е единствениот турски претставник во Управниот одбор на CGF, чиј глобален промет изнесува 3,5 трилиони евра, во следните две години ќе ја извршува функцијата копретседател на CGF заедно со Генералниот директор на Даноне Емануел Фабер

Најголемото здружение во светот во областа на малопродажбата Consumer Goods Forum (Форумот за потрошувачки добра -CGF), кое ги забрзува позитивните промени во областите на дигиталната интеграција на податоци во секторот за проозводи за брза потрошувачка и малопродажниот сектор, транспарентноста на содржините на производите, рециклирањето на пластичниот отпад, спречувањето на отпадот од храна, свеста за здрав живот, безбедноста на храната, социјалната и еколошката одржливост, својот нов копретседател го избра од Турција. Управниот одбор на CGF, составен од 27-те водечки трговци во светот и светските претседатели на 26 производни компании, го водат двајца ко-претседавачи од кои едниот го претставува малопродажниот сектор, а другиот производните компании.

Извршниот директор на Мигрос Групацијата Озѓур Торт, од месец јуни во следните две години ќе ја врши должноста Светски претседател на CGF во областа на малопродажата. За копретседател на Форумот од областа на производните компании беше избран Генералниот директор на Даноне, Емануел фабер.

Озѓур Торт, кој од 2013 година наваму беше член на Управниот одбор на CGF, кој на глобално ниво остварува промет од 3,5 трилиони евра, во последните две години беше на позицијата Заменик Претседател за малопродажба на CGF. Моментално Торт е единствениот турчин во редовите на Управниот одбор на CGF.

Озѓур Торт: Светот се менува и Турција, исто така, ја поттикнува оваа промена

Извршниот директор на Мигрос Групацијата Озѓур Торт, изјави дека CGF ги спојува најголемите компании во светот и се осврна на тоа дека глобално се обезбедуваат решенија за одржливост, продуктивност, влијанието на деловните резултати врз животната средина, начините за нивно подобрување и идните предизвици во секторотТорт изјави дека CGF е единствена организација во светски рамки и во поглед на целите и додаде“Гордост е да се биде лидер на иницијативите и активностите на CGF во овој возбудлив период за нашиот сектор. Верувам дека искуството на глобалните промени и географската експанзија во трговијата на мало ќе создадат значајни позитивни откритија за потрошувачите и светските ресурси во иднина. Значајна улога во ова ќе одигра и Турција. Потрошувачката во светот продолжува да се зголемува не само со растот на населението, туку и со растечката страст за потрошувачка. Факт е дека ова има различни ефекти врз нашата срединаПотребно е да се фокусираме на одржлив раст за да одговориме на растечката побарувачка на потрошувачите и да ја исполниме нашата одговорност кон идните генерации. Ова значително влијае и го менува начинот на кој работиме. Во оваа нова ера на глобалниот малопродажен сектор; соработката со трговците на мало, производителите, владините организации, универзитетите, невладините организации и дигиталните платформи, односно делувањето заедно е клучно за зајакнување на нашиот секторКако CGF, во наредниот период ќе се сконцентрираме на овие заеднички напори кои ќе ја обликуваат иднината на малопродажбата и директно ќе влијаеме врз животот на потрошувачите со резултатите кои ќе бидат очигледни.

Потенцирајќи дека потрошувачите очекуваат вредносно ориентирана малопродажба, Торт го кажа следното: „Да се биде транспарентен и да обезбеди најточен проток на информации до потрошувачот е фундаменталниот принцип. Во овој контекст, ние како Мигрос стоиме зад глобалните обврски утврдени од страна на Управниот одбор на на CGF. Глобалната интеграција на дигитални податоци и транспарентноста на содржината на производите, кои CGF ги води на светско ниво се важни прашања. Покрај тоа, ние придонесуваме и за рециклирање на пластичниот отпад, спречување на отпадот од храна, свесноста за здрав живот, безбедноста на храната, социјалните и еколошки одржливи проекти. Ние им даде насока на многу апликации кои ги лансиравме во малопродажниот сектор во Турција. Светот се менува и Турција, исто така, ја поттикнува оваа промена. ” Торт кој се осврна на тоа дека CGF во соработка со GS1 се лидери во секторот во Турција, во однос на студијата која има за цел да обезбеди конзистентен и транспарентен проток на податоци помеѓу трговците, производителите и потрошувачите која беше започната на глобално ниво и додаде “Имаме за цел да обезбедиме ефикасност во нашиот сектор благодарение на дигитализацијата, централизација и стандардизацијата на протокот на податоци. Како продолжение на овој проект, ние ќе им помогнеме на нашите клиенти да пристапат до богати, ажурирани и сигурни информации за содржината на илјадници производи во продавниците и да донесуваат информирани одлуки„.

Компаниите членки на CGF имаат промет од 3.5 трилиони евра.

Прометот што го остваруваат компаниите-членки на Форумот за потрошувачки добра, кој во своите редови има 400 трговци, производители и даватели на услуги од 70 земји во светот, надминува 3,5 трилиони евра. Управниот одбор на CGF, кој има влијание на 90 милиони луѓе со вработување и индиректни можности за работа кои ги создава, се состои од генералните директори на 27 водечки малопродажни компании и 26 компании за производство во светот.Во делот за производство на Управниот одбор на CGF, претставени се гигантските производители како Danone, Nestlé, Coca Cola, Unilever, PepsiCo, Procter & Gamble, Mondelez, L’Oréal. Во малопродажниот делпретставени се гигантските светски трговци како Walmart Walgreens Boots Allliance, Alibaba, Tesco, Marks & Spencer, Sainsbury’s, Target, Ahold Delhaize, Metro, Carrefour, IGA и AeonОд јуни 2019 година Озѓур Торт стана претседател на CGF за малопродажба.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Компанија за мобилно банкарство го тужи Facebook поради кражба на логото

    Компанија за мобилно банкарство го тужи Facebook поради кражба на логото

    Откако Ebay, Visa и Mastercard ја повлекоа поддршката за Libra, Facebook се соочува со уште еден предизвик во врска со оваа криптовалута. Current, компанија за мобилно банкарство…

  • МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

    МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

    Новиот дом на Ford Македонија по премиум стандарди Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на…

  • Top 10 премиум проекти на Лимак!

    Top 10 премиум проекти на Лимак!

    Една од најголемите градежни компании во светот Лимак, го гради во Скопје мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje. Слободно можеме да кажеме дека во нашата историја…

  • Сите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

    Сите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

    Сите 555 канцеларии на туристичката агенција Thomas Cook се префрлаат во рацете на ривалот Hays Travel. Со овој потег ќе бидат спасени 2.500 работни места. Независната туристичка…

  • Нов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

    Нов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

    Twitter им се извини на корисниците бидејќи „ненамерно“ ги користел во маркетинг цели телефонските броеви и електронските адреси кои се запишани поради заштитa на акаунтите.…

  • А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

    А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

    Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, А1 Македонија jа одбележува Светската недела за грижа…

  • Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

    Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

    За прв пат во земјата, Еуростандард Банка АД Скопје воведува нова Mastercard PrePaid подарок-картичка која со своите карактеристики и можности е уникатна и единствена картичка…

  • Samsung очекува голем пад на профитот

    Samsung очекува голем пад на профитот

    Samsung Electronics денес објави дека очекува намалување на оперативниот профит во третиот квартал за повеќе од 50 проценти поради падот на глобалниот пазар на чипови.…

  • PayPal го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra

    PayPal го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra

    Компанијата PayPal објави дека го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra, по веста дека неколку компании размислуваат да ја повлечат првичната поддршка за таа…

  • Банката гасне 10.000 работни места: Отказ ќе добијат оние што се на највисоките позиции

    Банката гасне 10.000 работни места: Отказ ќе добијат оние што се на највисоките позиции

    Британскиот HSBC Holdings сака да исклучи до 10.000 работни места, бидејќи привремениот извршен директор Ноел Квин се обидува да ги намали трошоците на банкарската групација.…