29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.06.2019

Дневен хороскоп 21.06.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Постојат различни замерки кои и ги упатувате на својата околина, но критиката не донесува позитивни нешта. Подобро е од зборови да прејдете на дела и да покажете се што очекувате од вашите соработници. Некој ве доведува во непријатна ситуација.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Забележувате дека случувањата на деловна сцена се одвиваат под невообичаени околности. Сочувајте ја присебноста на духот и обидете се да се вклопите во нови услови на работењето. Изворот на позитивна енергија ви е во семејството.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Преоптеретени сте со размислувања за новата работа или некои обврски кои не сте биле во состојба да ги исполните во рокот. Не би требало да влезете во деловна комбинација со еден Лав ако не сте подготвени со него да се договорите за нешто што ви е важно. Можна е средба со Вага.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете подготвени да се вклучите во некои работи кои изгледаат многу напорни и кои можеби не ви одговараат. Ви се допаѓа начинот на соработката со Вага или Риби. Сакате да добиете прилика да се договорите околу работата која би можела прилично многу да ви одговара, особено ако има врска со јавноста.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се чувствувате конфузно. На работа немате сигурност и самодоверба. Не сте расположени, па затоа завртете се кон себе. Не дозволувајте некој да ве испровоцира и изнервира. Внимавајте што потпишувате и чувајте се од кражба или измама.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Тешко успевате да одржите рамнотежа. Обидете се да го промените сето она што досега не ви одговараше во работата или во корен да пресечете се што ви пречи. Исечете ги само лошите нешта, немојте се да исечете. Избегнувајте стресни ситуации. Некои емоции можат да ве наведат на погрешна одлука.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Умеете да делувате многу сугестивно на своите соработници и не се срамите да побарате различни отстапки. Сметате дека заслужувате подобри услови. Во љубовниот живот непотребно се грижите поради нечие однесување.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствувате креативна инспирација и со леснотија завршувате бројни обврски. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината. Влегувате во друштво на блиски лица и не сакате некој од страна да ви ја руши сликата за среќниот живот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Делувате активно на повеќе различни страни. Постои личност која може да ги надгради вашите интелектуални способности или вашата практичност. Во љубовта чувствувате како да сте впловиле во ладни емотивни води, со неколку мали нешта подобрете ја оваа состојба.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Самоуверено ги браните вашите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ви ја отежнуваат деловната или социјалната положба. Чувствувате емотивен занес, но како да ви недостасува добра прилика да ги изразите своите намери.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се ослободите од натоварените обврски. Препуштете им на вашите соработници да го обават потешкиот дел од работата. Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но не знаете како да го искажете тоа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се наоѓате во сјајна психофизичка форма и самоуверено прифаќате различни обврски. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи или деловни интереси. Во романтично расположение сте и посакувате силни изливи на љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП