19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИСАД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

САД започнаа истрага против Deutsche Bank поради перење пари

Deutsche Bank се најде во проблеми поради можните пропусти со перење пари. Федералната влада на САД истражува дали Deutsche Bank постапила во согласност со законите за спречување на перење пари, наведува The New York Times.

Акциите на најголемата германска банка во четвртокот паднале за 0,5 проценти по текстот објавен во овој весник. Во текстот се наведува дека седум луѓе се запознаени со истрагата на федералните власти.

Претставникот за медиуми од Deutsche Bank одбил да ги коментира информациите објавени во Times.

“Остануваме отворени за соработка со овластените истражни органи”, бил краткиот одговор од банката.

Истрагата вклучува преглед на германски банки во т.н. извештаи за сомнителни активности.

Под лупа се проблематичните трансакции, вклучувајќи ги и оние поврзани со зетот на претседателот Доналд Трамп, високиот советник Џаред Кушнер.

Почетокот на овој месец демократите на Сенатот на САД ги повикале федералните власти да ги истражат односите на Deutsche Bank со Трамп и Кушнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП