20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

Siemens го продава бизнисот со моторите за електрични авиони на Rolls-Royce

Германскиот инженерски гигант Siemens објави во вторникот дека ќе гo продаде бизнисот со моторите за електрични авиони на британскиот Rolls-Royce.

Како дел од договорот во британската компанија ќе преминат и 180 инженери ангажирани во “eAircaft” за развој на моторот.

Трансакцијата ќе биде завршена до крајот на годината, а неговата вредност не е наведена.

“еAircraft” во изминатите години го привлече вниманието на медиумите првенствено по првиот експериментален лет на електричен авион низ Ламанш.

Соработуваат и со Airbus на развој на електрични такси како дел од проектот кој ќе биде завршен до крајот на годинава.

Од Siemens велат дека сакаат да се фокусираат на основната дејност. “Затоа бизнисот со електрични и хибридни погонски системи за авиони ќе имаат значително подобри изгледи за раст со нов сопственик тесно поврзан со воздухопловниот сектор”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП