Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,797.55 -0.38%    GRNT 1,026.84 -2.51%    KMB 5,605.21 -0.09%    MPT 71,273.31 -3.55%    RMDEN18 98.70 -0.15%    RZUS 83.00 -7.78%    SBT 2,500.00 -1.34%    STB 1,158.97 -2.6%    STIL 100.67 1.08%    TEL 300.00 -1.31%    TTK 1,431.43 2.46%    UNI 2,277.50 1.22%    

Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

Време: 13:45

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата да ги бараат фискалните сметки за производите што ги купиле, а што ќе им бидат неопходни за да им се врати 15 отсто од Данокот на додадена вредност преку новата услуга „Мој ДДВ“.

За тоа ќе треба да имаат најмалку 15 години, важечка лична карта или пасош и да бидат регистрирани или да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП, да имаат своја активна трансакциска сметка и да ја симнат апликацијата „Мој ДДВ“ на нивниот мобилен телефон од веб страницата на УЈП.

Повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање на баркодовите на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Ќе важи само за граѓаните и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. Нема да важи за сторнирани фискални сметки и ќе препознава дали сметката е исправна или не, односно фиктивна компјутерска. На ранливите категории и постарите лица кои не се во можност да го направат тоа ќе им помагаат мобилните екипи и мобилните даночни шалтери на УЈП и 80 волонтери. Ќе има на располагање и баркод читачи, мобилни телефони во сите организациски единици на УЈП преку кои ќе се врши читањето и киоск апарати, а на еден мобилен телефон ќе биде оставена можност да има повеќе профили. За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок.

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.

-Владата го изгласа законот за враќање на 15 проценти од платениот ДДВ за граѓаните со што почнува реализацијата на еден од најважните проекти од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Мерката ќе почне да се реализира од 1 јули со што едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметката до 28.800 денари годишно во семејниот буџет. Можноста за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнето 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа да ги скенираат на својот мобилен телефон, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека преку проектот „Мој данок, моја заштеда“ граѓаните заедно со финансиските институции ќе остварат две главни цели од кои првата е да се вратат пари кај граѓаните, а втората да учествуваат во намалување на сивата економија и во елиминација на даночното затајување на ДДВ. На тој начин годишно, како што рече, на граѓаните ќе им се вратат над 50 милиони евра од поврат на ДДВ.

-Ова е мерка насочена кон граѓаните и првпат во нашата земја државата враќа дел од ДДВ директно на сметките на граѓаните. Досега поврат на ДДВ остваруваа само компаниите, а сега таа придобивка ја остваруваме за сите граѓани. Заради правичност за да не се случи повратот да оди кај богатите поставени се лимити и нема да има можност за поврат на ДДВ-то од сметка над 30.000 денари, рече Заев и додаде дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит.

Министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека данокот е она што граѓаните го вложуваат во државата и тој се враќа преку јавното образование, здравство, инфраструктурата, градинките, парковите центрите за социјална заштита.

-Сега првпат од вашиот платен ДДВ, 15 проценти ќе ви биде вртен на сметката како заштеда. Го завршивме законскиот дел и направивме систем со кој ќе се врши поврат, им порача Тевдовски на граѓаните.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека Управата е целосно подготвена за стартот новата мерка и додаде дека во изминатиот период тим од УЈП заедно со Министерството за финансии интензивно и посветено работеше на креирање модерен, брз, ефикасен и едноставен начин преку кој граѓаните ќе можат да го искористат своето право за поврат на ДДВ.

-Од 1 јули фискалните сметки нема да претставуваат парче хартија кое ќе ги потсетува граѓаните колку пари потрошиле, туку и на парите кои ќе им се вратат. По стартот на мерката на секој граѓанин ќе му биде важно дали фискалната сметка е валидна или за производот кој го купиле некој им издал незаконска фискална сметка и со тоа им го скратил правото да остварат поврат на ДДВ. Апликацијата дозволува скенирање само на валидни фискални сметки, додека незаконските – компјутерски сметки не ги препознава. На тој начин граѓаните ќе знаат кој им го скратил правото, ќе ни помогнат во борбата против сивата економија и ќе бидат наши партнери и еден вид инспектори, рече Лукаревска.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Раст на минималецот – најниската плата ќе изнесува 14.500 денари!

    Раст на минималецот – најниската плата ќе изнесува 14.500 денари!

    14.500 денари. Ова е новиот износ на минималната плата кој ќе мора да се исплаќа од декември годинава. Зголемувањето е за околу 2.000 денари. „Имаме…

  • Анкета: САД најпријателска држава, Бугарија за една година станала најголем непријател

    Анкета: САД најпријателска држава, Бугарија за една година станала најголем непријател

    Во анкетата што денеска ја објави Центарот за европски стратегии Евротинк, за прашања поврзани со евроинтеграциите, од граѓаните кои сметаат дека државава би можела да…

  • Во пресрет на Брегзит: Секоја трета британска компанија во автомобилскиот сектор укинува работни места

    Во пресрет на Брегзит: Секоја трета британска компанија во автомобилскиот сектор укинува работни места

    Секоја трета компанија во британскиот автомобилски сектор започна со укинување на работни места во пресрет на Брегзит. Тоа е пораст во однос на секоја осма…

  • Цената на свинското месо во Кина скокна речиси 70 проценти

    Цената на свинското месо во Кина скокна речиси 70 проценти

    Цената на свинското месо во Кина во текот на септември скокна дури за 69,3 проценти во однос на минатата година, објави CNBC. Најнаселената земја во светот…

  • МФ: Со денешната редовна аукција се сервисираат стари долгови од пред 5 години

    МФ: Со денешната редовна аукција се сервисираат стари долгови од пред 5 години

    Со денешната аукција Министерството за финансии ќе покрие стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти…

  • Минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари

    Минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари

    Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари.…

  • ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

    ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

    Моќта и ефектите од работата на ИКТ секторот и компаниите во него сé повеќе расте и се зголемува. Како што се одвива дигитализацијата на македонските…

  • Италијанските банки успешно го тестираа усогласувањето на податоците преку блокчеин

    Италијанските банки успешно го тестираа усогласувањето на податоците преку блокчеин

    Италијанското банкарско здружение (ABI) во текот на целата година успешно обработи податоци за усогласување на локалното банкарско работење на блокчеин платформата. Здружението најави успешен тест…

  • Заменик министерот за здравство Асим Муса поднесе оставка

    Заменик министерот за здравство Асим Муса поднесе оставка

    Заменик министерот Муса по објавувањето на снимката од страна на албанската телевизија “The Channel” во шоуто  “Fiks Fare”, во кое наводно прима мито, си поднесе…

  • Бизнисот доби од Министерството за финансии онлајн-платформа за иницијативи

    Бизнисот доби од Министерството за финансии онлајн-платформа за иницијативи

    Министерството за финансии креираше онлајн-платформа преку која стопанските комори, фирмите и други правни субјекти и организации ќе можат да даваат предлози за решавање на проблеми со кои се соочуваат,…