4 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗнакот на Adidas прогласен за неважечки

Знакот на Adidas прогласен за неважечки

Главниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека е неважечки заштитниот знак на германската компанија за производство на спортска опрема Adidas со три линии бидејќи нема одредена карактеристика.

Судот соопшти дека ја подржува одлуката на Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO) од 2016 година, со која се поништила претходната одлука за прифаќање на заштитниот знак.

Германската компанија го регистрирала својот заштитен знак за облека, спортски обувки и опрема, наведувајќи дека содржи “три паралелни ленти со ист проред”.

Меѓутоа, знакот бил оспорен од белгиската компанија Shoe Branding Europe со која Adidas е во повеќедецениски конфликт.

Судот на ЕУ минатата година го прогласил заштитниот знак на Shoe Branding Europe за неважечки наведувајќи дека нивните две ленти биле премногу слични со Adidas.

”Adidas мора да покаже знак со специфична карактеристика низ ЕУ врз основа на неговата употреба за корисниците веднаш да знаат дали се работи за нивниот производ и да може да го разликуваат производот од некоја друга компанија”, се вели во одлуката.

Adidas мора и да обезбеди докази дека знакот е во употреба во пет земји членки на ЕУ, а не во целиот блок.

Германска компанија може да поднесе жалба на оваа одлука до Европскиот суд за правда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП