Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,048.87 -0.01%    GRNT 850.00 0%    KMB 5,332.15 0.03%    MPT 61,869.20 -0.21%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,088.00 -0.03%    PROD 1,600.00 0%    RMDEN17 98.70 0.1%    RMDEN18 98.70 0%    RZEK 30.00 0%    STIL 100.00 -2.9%    TETE 2,312.00 4.71%    TNB 15,950.00 0%    TTK 1,302.61 -2.79%    UNI 2,100.00 -0.03%    

Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

Време: 12:12

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Северна Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. Сите веќе откривме дека некогаш е многу скапо да си сиромашен, порача денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние пред македонските и француските градежни компании на презентацијата што се одржа во Јавното претпријатие за државни патишта.

Според Тимоние, мора да се инсистира на квалитет бидејќи на луѓето треба да им се дадат патишта какви што заслужуваат.

– Вистина е дека француските компании на почетокот навидум се поскапи од другите, но на крај немате потреба од преработување во догледно време. Тоа економски можеби не им одговара на некои, ама е во полза на државата, рече Тимоние.

Во моментот, во земјава се рехабилитираат над 400 километри регионални и магистрални патишта и автопати. Се работи и на нови мостови, на 12 реконструкции на стари мостови кои не се рехабилитирани со години, како и на свлечишта. Проценките се дека до 2030 година во земјава ќе треба да бидат инвестирани најмалку две милијарди евра за развој на патната инфраструктура.

– Ако не ги направиме овие инвестиции нашиот транспортен систем ќе стане уште поситен и неефикасен. Исто така ни требаат мазни и добро одржувани транспортни врски за да се стимулира економскиот раст и да се создаде поголемо вработување, нагласи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Денешната презентација беше организирана со цел најголемите македонски градежни компании да се запознаат со искуствата и знаењата што ги имаат нивните француски колеги во делот на напредните технологии во патната инфраструктура. За таа цел, на презентацијата покрај претставници на македонските градежни компании беа присутни и претставници од француските компании „Freyssinet“ i „Sixense“ и од подружниците на „Vinci“ во Скопје.

Настанот е поддржан од Француската амбасада и француската Генерална управа за финансии во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како дел од новата француска стратегија за Западен Балкан објавена од францускиот претседател Емануел Макрон на неформалниот Самит во Берлин.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата…

  • Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6…

  • Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти. “Светот…

  • Затворена фабриката на лажните Ferrari и Lamborghini

    Затворена фабриката на лажните Ferrari и Lamborghini

    Бразилската полиција затворила илегална фабрика во која се произведувале лажни автомобили од марката Ferrari и Lamborghini. Полицијата соопшти дека е под обвинение за повреда на индустриска…

  • ССК: Прв центар за медијација по европски модел

    ССК: Прв центар за медијација по европски модел

    Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки…

  • Сончево со умерена облачност

    Сончево со умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. УВ=8 Утринската температура ќе се движи од девет…

  • Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна

    Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна

    Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна, туку факултативна, но некатегоризираните возила нема да смеат да се управуваат во забранетите зони за движење на…

  • Дали Трамп ќе ја сруши вредноста на доларот?

    Дали Трамп ќе ја сруши вредноста на доларот?

    Со оглед дека претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати повтори во неговите неодамнешни говори дека доларот е премногу силен во однос на директните “ривали”…

  • Патувате во странство? Ова не смеете да го заборавите!

    Патувате во странство? Ова не смеете да го заборавите!

    Кога патувате во странство мал инцидент може да предизвика големи проблеми особено доколку немате патничко осигурување. Ситни медицински проблеми како убод од инсект, дехидрација или…

  • ЕУ: Зголемен трговскиот суфицит со САД, но и дефицитот со Кина

    ЕУ: Зголемен трговскиот суфицит со САД, но и дефицитот со Кина

    Трговскиот суфицит на Европската унија во трговијата со Сoединетите Држави се зголеми во првите пет месеци од 2019 година, но е зголемен и трговскиот дефицит…