
Дигитални иновации за еднакви можности на децата и младите со попреченост


Дигитални иновации за еднакви можности на децата и младите со попреченост
Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување на децата и младите со попреченост во дигиталното општество. Партнерите, заедно со млади луѓе, ќе создаваат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.
„Дигитализацијата ќе донесе многу нови можности и целосна трансформација на општеството. Ние, како едни од главните носители на таа трансформација имаме обврска да ја испорачаме најдобрата технологија, но и одговорност да создадеме фер услови. Парнерството со УНИЦЕФ е токму таква иницијатива за намалување на дигиталниот јаз за подеднакво вклучување на ранливите групи. Во исто време е и повик за подигање на свеста дека сите ние сме креатори и треба да создадеме фер дигитално општество каде што технологијата, пред сè, ќе им служи на луѓето“ – изјави Никола Љушев, Претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

„Адолесцентите и младите луѓе имаат огромен неискористен потенцијал – по природа имаат страст за новини и желба да ги поместат границите. Младите со попреченост не се разликуваат. Ова партнерство е за заедничко создавање со нив за да се најдат иновативни решенија за вистинските бариери со кои децата и младите се соочуваат секој ден на училиште и во животот” – изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.
Партнерството се состои од две големи иницијативи кои ќе направат вистинска промена во животот на децата и младите со попреченост.

Ова е второ партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Во 2015 година под слоганот „Првите 5 најважни на свет“ беа отворени 8 центри за ран детски развој со кои децата во руралните средини добија еднакви можности за рана едукација, која им помага да бидат подобри во училиште и воопшто во животот.
