20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

Huawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

Microsoft минатиот месец од неговата онлајн продавница ја отстрани линијата на лаптопи на Huawei, каде што било проследено поради наредбите од американската администрација. Иако софтверскиот гигант не се огласил на тоа дали Huawei ќе биде во можност да ја врати Windows лиценцата за нивните лаптопи, уредите сега почнуваат да се враќаат во онлајн продавницата оваа недела.

MateBook 13, MateBook и MateBook X Pro се повторно достапни. MateBook X Pro во моментов се наведени како “неактивни”, но другите модели се повторно достапни за купување.

Сајтот The Verge контактирал со Microsoft по повод овие промени, а како одговор на компанијата е следниот: “Разгледувавме и ќе продолжиме да одговараме на бројни работни, технички и регулаторни промени кои настанале од неодамнешнито додавање на Huawei на црната листа на американското министерство за трговија. Како резултат на овие евалуации, се враќаме на продажба со постоечката понуда на Huawei уредите во Microsoft Store”.

Важен елемент во овој одговор е “постоечката понуда”, а Microsoft не сакал да одговори конкретно на прашањето за тоа дали планира да продолжи да ги пополни залихите и продажбите на новите Huawei лаптопи во иднина.

Huawei во меѓувреме го одложи објавувањето на новите Windows лаптопи, кои биле планирани да бидат претставени за време на CES Asia настанот минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП