26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank формира мега лоша банка ''тешка'' 50 милијарди евра

Deutsche Bank формира мега лоша банка ”тешка” 50 милијарди евра

Како дел од реструктуирањето, Deutsche Bank планира да формира лоша банка која ќе има имот до 50 милијарди евра, известува Financial Times, наведувајќи ги луѓето кои се запознаени со проектот.

Тоа би требало да бидат вооглавно долгорочните деривати.

Надвор од Европа, финансиската институција сака значително да го намали тргувањето со акции и тргувањето со каматни стапки или пак дури целосно да ги затвори. Конечната одлука сè уште не е донесена. Директорот на Deutsche Bank, Кристијан Шевинг сакал да го претстави планот во најавата на полугодишните резултати на крајот од јули.

Во соопштението, Deutsche Bank се повикала на објаснувањето од годишното собрание во мај, според кое треба да се забрза реструктуирањето на Групацијата со цел да се подобри профитабилноста.

Deutsche Bank во неделата го истражувала спојувањето со Commerzbank, но потоа се изјаснила против тоа и сега сама го бара спасот. Понатамошно намалување на инвестициското банкарство, кое троши капитал и го губи некогашниот сјај, се смета за многу веројатно. Спротивно на тоа, Шевинг се потпира на стабилни бизниси како што е трансакциско работење и управување со имот преку подружниците на DWS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП