20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на Boеing призна: Згрешивме, 346 луѓе загинаа поради грешка

Директорот на Boеing призна: Згрешивме, 346 луѓе загинаа поради грешка

Главниот извршен директор на Boеing Денис Муленбург, признал дека компанијата направила “грешка” во справувањето со проблематичниот систем за предупредување во пилотската кабина на авионот 737 Max, пред падот на двата такви модели, во кој загинаа 346 луѓе.

Муленбург ветил транспарентност во работењето на компанијата во време кога таа се обидува да го врати во воздух 737 Max, кој беше призејмен на почетокот на оваа година ширум светот, пренесува AP.

Обраќајки се во неделата на новинарите во Париз, Муленбург изјавил дека комуникацијата на Boеing “не била конзистентна”, оценувајќи дека тоа е неприфатливо.

Американската Федерална администрација за воздухопловство открила дека Boеing повеќе од една година не ги информирал регулаторите дека индикаторот за безбедност во пилотската кабина на Max не работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП