19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei го чека рекорден пад на продажбата, можеби и повлекување од ЕУ

Huawei го чека рекорден пад на продажбата, можеби и повлекување од ЕУ

Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies се подготвува за пад на меѓународната испорака на паметни телефони од 40 до 60 проценти.

Повикувајќи се на лице запознаено со ситуацијата, Блумберг пишува дека компанијата размислува за опции кои вклучуваат повлекување на најновиот модел на својот смартфон Honor 20 од меѓународниот пазар, пишува Index.hr.

Продажбата на телефонот ќе започне на 21 јуни во делови на Европа, а менаџерите ќе го надгледуваат лансирањето и можеби ќе ја прекинат испораката ако продажбата оди лошо.

Маркетингшките и продажните менаџери на Huawei, внатрешно проценуваат дека оваа година компанијата може да испорача помеѓу 40 и 60 милиони помалку паметни телефони, а овој пад најверојатно планираат да го надокнадат во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП