18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда над Грција за сигурно прво место

Победа над Грција за сигурно прво место

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 за осигурување на првото место во групата 3.

Победата е слатка одмазда за незгодниот пораз кој го доживеа македонската репрезентација во второто коло во квалификациите во октомври (28:26), иако почетокот не ни даваше голема надеж дека такво нешто е можно.

Грците имаа подобар старт и оддржуваа предност од два-три гола, пред во финишот на првото полувреме да ја преземеме контролата на мечот и на одмор да се отиде со два гола предност (13:11). Во второто полувреме, македонските репрезентативци играа подобро и направија предност од шест гола разлика, за на крајот да се стигне до рутинска победа од 27:23.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со седум гола, додека по шест имаа Талески и Пешевски, додека на голот, Митревски имаше 11 одбрани.

Исланд, очекувано, ја победи Турција со 32:22 , за да го освои второто место во групата и директен пласман на Европското првенство кое од 10 до 26 јануари ќе се оддржува во Норвешка, Шведска и Австрија.

РЕЗУЛТАТИ, 6.КОЛО, ГРУПА 3

Македонија – Грција 27:23 (13:11)

Исланд – Турција 32:22 (12:9)

Табела: 1.Македонија 9, 2.Исланд 8, 3.Турција 4, 4.Грција 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП