25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 15-16.06.2019

Викенд хороскоп 15-16.06.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во текот на викендот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го викендот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вратете им се на забавните активности и подарете си безгрижен викенд, исполнет со друштвени средби. Денес Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во Водолија, вашиот сектор на пријателите и групните активности, каде ќе остане до крајот на месецов.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Возбудени сте затоа што наскоро ќе настапи голема промена во вашиот живот и вие го знаете тоа. Искористете го викендот за да се релаксирате и да размислите сталожено за деталите. Преголемата возбуда може да направи да заборавите некои важни нешта кои го бараат вашето внимание.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Одвоете малку време за вашето семејство, помогнете им на блиските да поминат преку препреките кои им се поставени, овој викенд ќе ви биде таков. Ќе работите повеќе за другите отколку за себе. На крајот ќе бидете среќни, исполнети и задоволни.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Време е да излезете и да почнете да се дружите. Со добра организираност ќе имате време за се. Не заборавајте на вашиот изглед, посетете ја теретаната во ваша близина. Финансиските проекти во кои учествувате ќе ви донесат одличен приход.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Од наредната недела ви претстои период исполнет со работа. Па затоа овој викенд опуштете се со мал шопинг и дружба со пријателите. Некој повик кај вас ќе предизвика немир, но сето тоа ќе биде само недоразбирање.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со Шкорпијата сте во чудна врска. Иако имате корист, на прв поглед одлично функционирате, но слабо се разбирате. Тоа само вие го знаете. Причина за слабоста е во вашата премореност, морате да најдете начин да се релаксирате и да се одморите. Викендов е одличен за нешто такво.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа не отстапувајте.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Благодарение на вашиот дух кој е секогаш подготвен за акција, нижите само успеси. Ќе бидете во ситуација да донесете брза и правилна одлука. Пожелно е да го намалите темпото и да бидете повнимателни. Со Близнаци и Девица можна е идеална соработка.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Пожелно е да се коригирате и да постапувате во согласност со сопствените квалитети и можности. Не сте баш во врвна форма. Причини за депресивна состојба има повеќе. Викендов корегирајте го однесувањето.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашиот финансиски успех во последно време може да ви изгледа премногу одличен за да биде вистинит. Ќе добиете поттик за уште еден чекор напред. Бидете задоволни со самите себе. Ако се чувствувате несигурни немојте да се плашите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП