19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.06.2019

Дневен хороскоп 14.06.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се наоѓате во дилема меѓу вашите потреби и исполнувањето на туѓите желби. Внимателно слушајте што ви говори вашата интуиција, но немојте да донесувате долгорочни одлуки. Имате доволно време и немојте да брзате. Ги занемарувате и прескокнувате оброците, тоа не е добро.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Полесно ви е да направите ваш план отколку да се прилагодите на туѓиот. Меѓутоа, ако тоа го одлучите, тогаш треба да престанете да се споредувате со другите. Секоја слобода носи со себе и одредени одговорности, па ако одлучувате сами, тогаш и сами треба да ги сносите последиците.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во креативна фаза сте, па би било добро да земете одмор од секојдневните обврски и да се посветите на планирањето на иднината. Но доколку тоа не е возможно, барем распоредете го денот така што ќе ви остане време и за размислување за иднината.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во односот со партнерот ќе се зголеми напнатоста па вистински предизвик ќе биде да почувствувате блискост. Работата е во тоа што несигурноста креира јаз кој се чини поголем од било кога. Меѓутоа, со отворен разговор можете да ги надминете сите препреки и да ја вратите интимноста во вашиот однос.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес сте голем идеалиста, што и не е така лошо, бидејќи верувате дека можете да постигнете се што ќе посакате. Сепак, нереалните соништа можат да креираат само големи разочарувања, па намалете ги очекувањата и прилагодете ги на реалната ситуација.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не ви е лесно да чекате бидејќи верувате дека не сте доволно трпеливи во овој период. Иако не сте подготвени да направите голем чекор напред, во мислите сте далеку од ситуацијата во која моментално се наоѓате. Нема потреба за избрзани реакции кои нема да донесат голема корист.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе ви се посреќи, па ќе остварите некаков успех. Задржете го своето внимание на започнатите работи и избегнувајте натпреварувачка атмосфера. Нема причина да ги форсирате ситуациите кои го иритираат саканото лице.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој ненадејно го критикува вашиот начин на работа. Добро размислете за себе бидејќи нема потреба да реагирате суетно на различните коментари. Деловните пропусти не се толку незначајни. Упорно се обидувате да го смените мислењето на партнерот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Понекогаш немате доволно трпение да одговарате на различните прашања или да исполнувате бројни барања. Полесно се снаоѓате во ситуациите кога ви се отворени различни можности на широк избор и слободно делување.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Меѓутоа, вашиот успех зависи од нечие влијание. Нема причина да се однесувате наметливо во друштвото на лицето кое има строги деловни критериуми. Се наоѓате во емотивна дилема.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Врз основа на новите информации треба да донесете реална проценка за приоритетите на деловна сцена. Избегнувајте брзоплетост или нескромност во средбата со соработниците, потребна ви е нивната наклонетост. Ви се допаѓа она што е недостижно или лицето до кое не допира вашиот глас.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некој ги ремети вашите деловно-финансиски планови и ги игнорира примедбите кои ги имате. Сепак, немојте да дозволите лошото искуство во вас да поттикне желба за ривалство. Трпеливо почекајте ги подобрите услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП