21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla има спремен дизајн за авто-подморница

Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

На годишниот состанок на акционерите на компанијата Tesla, кој бил одржан вчера, Илон Маск одговарал на прашања. Меѓу стандардните прашања за новите модели (прототип на електричен пикап, Model Y, Class 8 полу-камион…), се појавило многу интересно прашање и слободно можеме да кажеме уште поинтересен одговор.

Прашањето гласело дали Tesla планира да изработи воден автомобил – односно автомобил кој би можел да се вози по патишта, а потоа да се спушта во вода и да се вози како брод. Се покажало дека компанијата работи на уште нешто поинтересно – електрична авто-подморница, како и дека постои комплетен дизајн за неа.

Целиот тој проект бил инспириран од специјалниот Lotus Esprit автмобилската подморница, која била прикажана во филмот Џејмс Бонд “Шпионот кој ме сакаше”. Сопственикот на тој оригинален автомобил е Илон Маск и за него беше предизвик да се види дали е можно да се направи функционална верзија за истиот.

Во одговорот на прашањето тој истакнал дека технички е можно да се направи авто-подморница на електричен погон, но дека пазарот за таквиот производ би бил премногу мал. Меѓутоа, во негов манир, оставил отворена можност дека во одреден момент можеби и навистина да направи таков автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП