Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Успешно завршен вториот циклус од едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

Време: 11:21

Датум: јуни 11, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Со завршувањето на училишната 2018/2019 година, Вип ја заокружи втората фаза од едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“, која годинава опфати близу 1000 четврто – одделенци од 11 основни училишта во 11 општини во земјата.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, втора година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој  на образованието го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Интересот од страна на учениците и наставниот кадар кој и оваа година не стивнува е дополнителна потврда за потребата од едукација и за ентузијастички пристап, особено за нашите колеги кои како волонтери се вклучуваат во овој проект” – изјави Елена Димовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.

Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од Вип, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа. Беа опфатени учениците од  четврто одделение во: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европска компанија има намера да превезува патници во проблематични авиони „боинг“

    Европска компанија има намера да превезува патници во проблематични авиони „боинг“

    Иако компанијата „Боинг“ долго време имаше проблем со продажбата на проблематичниот модел „737“, се чини дека неделава среќата ѝ се насмевна. Во вторникот авиокомпанијата International…

  • НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка – прва банка во Македонија достапна на Вибер

    НЛБ Банка, како иновативна и современа банка која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и…

  • Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Битолска млекара ги наградува своите најлојални вработени

    Наградувањето на лојалноста преминува во традиција Веќе традиционално, и оваа година, компанијата Бимилк ги наградува своите најлојални вработени, кои имаат остварено непрекината работа во млекарата…

  • Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Резервирајте го вашиот одмор онлајн за дестинација од соништата и добијте поврат на вашите средства со Cashback World

    Патувањата се оние кои нѐ прават порелаксирани, кога споделуваме искуства, истражуваме и едноставно уживаме. Но, има толку голем избор, толку голема понуда на хотели, апартмани,…

  • Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Половина милијарда Apple уреди на мета на хакери поради досега непознат проблем?

    Израелската  компанија Cellebrite им открила на корисниците на Apple уредите дека нашла начин да навлезат во било кој iPhone или iPad со било која верзија…

  • Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

    Грижа на совест по јадењето, кога гладта ќе ја надвладее самоконтролата е чувство со кое многумина секојдневно се соочуваме. Колку пати сте се казнувале и…

  • Huawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

    Huawei лаптопи вратени во Microsoft онлајн продавница

    Microsoft минатиот месец од неговата онлајн продавница ја отстрани линијата на лаптопи на Huawei, каде што било проследено поради наредбите од американската администрација. Иако софтверскиот…

  • Партнерство на УНИЦЕФ И Фондацијата Телеком за Македонија

    Партнерство на УНИЦЕФ И Фондацијата Телеком за Македонија

    Дигитални иновации за еднакви можности на децата и младите со попреченост Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување…

  • Нов онлајн-супермаркет на пазарот

    Нов онлајн-супермаркет на пазарот

    ПАКЕТ.МК нов играч во онлајн малопродажбата на македонскиот пазар На македонскиот пазар од неодамна постои нов онлајн супермаркет Paket.mk. На корисниците им нуди можност да…

  • Airbus го најави новиот авион со долг опсег ”A321 XLR”

    Airbus го најави новиот авион со долг опсег ”A321 XLR”

    Европскиот производител на авиони Airbus ќе започне да произведува нов авион со долг опсег, каде во таа пазарна категорија ќе го “претепа” својот ривал од Boeing,…