15 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата Листа на должници

УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.06/2019 за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата се однесува на вкупен долг:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

-повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.6/2019 објавени се 1.937 должници – правни лица (повеќе за 3 од претходната листа) и 2.524 физички лица (повеќе за 115 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.6/2019 изнесува 8.945.217.255 денари, повеќе за 245.140.071 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.798.781.524 денари (повеќе за 229.551.387 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 146.435.731 денари (повеќе за 15.588.684 денари од претходната листа).

Листата на должници бр.06/2019 можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП