22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на БДП во првиот квартал 4,1 отсто, Заев најавува раст и...

Растот на БДП во првиот квартал 4,1 отсто, Заев најавува раст и на пензиите

Растот на економијата во првиот квартал од годинава достигна 4,1 отсто. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во обраќање пред пензионерите на Републичка ревија на песни музика и игри 2019 година.

-Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на пладне на прес конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што вкупната вработливост лани, односно од 2018 до 2019 година се вработени и нови 40 илјади луѓе, рече премиерот Заев.

Податоците за растот на БДП во првиот квартал ќе ги објави во текот на денот и Државниот завод за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП