29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначењето на изградбата на подземната улица од Лимак, за Скопје и неговите...

Значењето на изградбата на подземната улица од Лимак, за Скопје и неговите граѓани?

Зголемувањето на популацијата, урбанизацијата, потрошувачката, густината на населението, глобализацијата, комуникацијата, консумеризмот и другите трендови во денешно време, укажуваат на сè поголема комплексност на човековото живеење. Нашиот главен град Скопје, сега веќе се вбројува во групата т.н. компактни градови, кој се одликува со висока густина на луѓе по единица површина, град кој наметнува потреба од внимателно уредување на просторот, економично и одржливо искористување на земјиштето и еден или повеќе масовни центри за вработување.

Критичарите на компактните градови забележуваат штетни ефекти од поинтензивниот развој, вклучувајќи го и зголемениот сообраќајен метеж, намаленото достапно домување и повисоката потрошувачка. Токму во такви услови, кога надземно и не може да има квалитетен развој на гардот, подземниот развој нуди можности за поефикасно и поефективно користење на достапниот урбан простор, и претставува неминовна алтернатива која на долг рок обезбедува бројни позитивни ефекти.

“Скопје веќе нема алтернативи! Во услови на пренаселеност, на бројни сообраќајни гапови, преголема густина на згради, недостиг на паркови и зелени површини, градот и не може надземно да се развива, а тоа да биде во согласност со стандардите кои ги наметнуваат урбанистите, и најгласните во последно време експертите за зачувување на животната средина.

Иако подземниот развој на почеток бара значително повисоки инвестициски трошоци за изградба во споредба со слична инфраструктура изградена на површината, сепак на долг рок ефектите врз урбаниот развој на градот, врз животната средина и квалитетот на животот се непроценливи. Секако за позитивни реперкусии од подземните проекти, важно е во нивната имплементацијата да се користат новите технолошки достигнувања да се обезбеди одржлива подземна инфраструктура, таа да биде внимателно дизајнирана за да ги ограничи негативните влијанија, и за од неа да се добие максимална корист”, истакнуваат од секторот за урбанизам при Град Скопје.

Развојот на подземниот простор дава можност за користење на површинскиот простор за други цели, како што е зелен простор за паркови или друг надземен развој во рамките или блиску до урбаните центри. Затоа, компактните градски трендови би требало да го поддржуваат концептот за подземен развој, вклучувајќи широк опсег на подземни објекти кои придонесуваат за ефикасна, но квалитетна средина. Споголемата урбана густина на население, директно се поврзува со повисоки нивоа на развој на подземниот простор. Многу планери сметаат дека подземниот развој и употреба би можеле да ги зголемат нето придобивките од интензивниот развој.

Кои се придобивките?

Употребата на подземниот простор може да го намали сообраќајниот застој и сè поголемите животни трошоци, а истовремено да ги достигне патните, енергетските и еколошките намалувања. Во овој поглед, првите и најочигледните економски придобивки произлегуваат од користењето на подземјето како дел од обезбедувањето на транспорт, комерцијални, индустриски и комунални објекти.

Но друга не толку очигледна придобивка е дека со подземниот развој на сообраќајници, компактните градови се стремат кон намалување на километри за патување со што се намалува и директната и индиректната потрошувачка на енергија и емисијата на стаклени гасови.

На градот Скопје и неговите граѓани, подземна сообраќајница им е повеќе од потребна. За расчистување на неиздржливиот градски метеж, кој на луѓето им одзема уште по еден час, пред и по работното време, за градење на зелени површини и за намалување на штетните емисии на гасови.

Сообраќајницата која ја гради Лимак е комплексна. Таа ќе вклучува тунел со 6 коловозни ленти кој ќе ги спојува примарните градски сообраќајни јазли, на површина од 325,000 квадратни метри. Изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Дополнително, комплексот ќе обезбеди над 2800 паркинг места во самиот центар на градот. Ова значи дека наскоро на ова место, Скопје ќе добие ново урбано обележје кое ќе му овозможи одново поврзување на оската север-југ и исток-запад и ќе стане нов културен симбол на „новото Скопје“ наместо онаа несредена, неурбанизирана, слика во централното градско јадро која сите ја избегнувавме.

Основана во 1976 година, една од најголемите бизнис-групации во регионот на Турција, Limak Holding, главно е специјализирана за градежништво, инфраструктура, енергетски проекти, посебно со обновлива енергија. Компанијата инвестира и управува со аеродроми и пристаништа, хотели и производство на цемент. Лимак Diamond ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје, дел од градот на кој можат да бидат горди.


 


НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП