7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар на европскиот ракометен трон

Вардар на европскиот ракометен трон

Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).

За „црвено-црните“ ова е втора титула европски шампион по таа во 2017 година.

Вардарци одиграа неверојатен меч, покажаа храброст и оставија срце на терен и уште еднаш ја израдуваа ракометна Македонија.

Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.

Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП