2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

Rolls Royce неодамна го претстави новиот модел Rolly Royce Wraith Eagle VIII, во чест на првиот непрекинат прекуокеански лет и хероите кои имале доволна одлучност и храброст да се впуштат во таа авантура…

Пилотите Алкок и Браун го прелетале Атлантскиот Океан во јуни 1919 година со многу опасност и авантура на патот. Овој беспрекорен модел ќе биде произведен во лимитирано издание од само педесет модели, при што секој од нив ќе ја раскаже приказната за овие два визионери. Авионот кои го користеле бил Vickers Vimy бомбардер од Првата светска војна, кој бил специјално модифициран за нивниот лет. Авионот го движел 20,3-литарскиот Rolls Royce Eagle VIII мотор со 350 кс, по кој и новиот автомобил го доби името.

Гледано од страна, Wraith Eagle VIII одразува авион кој пилотите го користеле со дво-тонска естетика во форма Gunmetal и Selby Grey и црни решетки кои се моделирани по моделот на авионот. Тркалата добиле елегантен, транспарентен финиш.

Ентериерот на моделот доаѓа со Selby Grey и црна кожа, димено дрво на еукалиптус кое е метализирано со вакуум и потоа декорирано со сребро и бакар. Елементи како месингани детали на приклучоците, дефинитивно нè потсетуваат на познатиот авион.

Бледо зелен сјај сега на ледената задна страна наликува на замрзнат инструмент на таблата на авионот, кој се замрзнал поради големата височина, додека небото на овој авион добил 1.183 ѕвездени влакна, со цел да се претстават ѕвездите како биле распоредени во времето на познатиот лет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП