28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе подготвува истрага против Google

Се подготвува истрага против Google

Американското министерство за правда се подготвува за антимонополска истрага против Google, компанија која во Европа веќе беше казнета поради прекршување на прописите за конкуренција, додека во САД има повици за нејзино кршење, пренесува весникот Wall Street Journal.

Американски весник вчера ги пренел изјавите од неименувани извори дека отсекот на министерството задолжено за “монополски” работи се подготвува од “поблиску да ја испита комерцијалната практика” на Google во врска со неговиот интернет пребарувач и другите активности.

Федералната комисија за трговија, која со Министерството за правда ја дели улогата на супервизор во областа на конкуренцијата, водела широка истрага за доминацијата на Google во интернет пребарувањата и рекламирања  во 2013 година.

Некои конгресмени неодамна барале таа истрага повторно да се отвори.

Европската комисија на 20 март го казнила Google трет пат во последните две години, обвинувајќи го американскиот гигант за кршење на антимонополските прописи на ЕУ.

Во САД двете страни на политичкиот спектар се погласно се повикуваат на делување против технолошкиот гигант, под обвинение дека се премногу моќни ако не и монополисти. Тука се на мета и Facebook и Amazon.

Facebook и Google држат најголем дел од рекламирањето на интернет, а Google оперативниот систем на Android го држи најголемиот дел на паметни телефони во светот.

Google е исто така редовна цел на напади од американскиот претседател Доналд Трамп, кој тврди дека таа компанија ги ”гуши” конзервативните гласови во нивните услуги, на што Google негира.

Според Wall Street Journal, Федералната комисија за трговија неодамна прифатила министерството за правда да го преземе водењето на случајот за Google.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП