Овен (21.03 – 20.04)
Денес сте креативно блокирани од сопствениот страв и анализирањето на вашите постапки. Туѓото мислење ви е поважно од вашето. Ако во нешто верувате потребно е искрено да се залагате за тоа. Ќе добиете пофалба од некое лице кое многу ве цени, но вие можете да го повредите со вашата ладнокрвност.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес сте повеќе за забава отколку за работа. Сакате необврзувачки флерт, можно е да испаднете и смешни пред некои лица кои досега многу ве ценеле. Спонтаноста е совет за овој ден. Понекогаш некои спонтани потези можат да поминат без последици. Не се откажувајте од вашите принципи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Чувајте се од настинки.
Рак (22.06 – 22.07)
Важно е да не бидете брзоплети и да не го губите интересот за новитетите. Прекрасно се однесувате со партнерот, а и тој со вас. Можна е појава на очен притисок.
Лав (23.07 – 22.08)
Потрудете се околу партнерот и покажете малку повеќе љубов. На полето на кариерата нема да се соочите со проблеми. Честите деловни патувања ќе ви донесат поголема заработка.
Девица (23.08 – 22.09)
Ова е одличен викенд да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве следи чувство дека за се сте слабо информирани. Потрудете се да го пронајдете идеалниот партнер за себе. Ќе се чувствувате среќно и задоволно. Имате лоша навика, се расфрлате на сто страни, а ништо не реализирате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе бидете многу задоволни доколку зграбите некоја добра прилика и ако најдете заеднички јазик со некој. Релативно бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа во која често патувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку ви е важен партнерот, повеќе разговарајте со него. На соработниците не им беа јасни вашите предлози, но ситуацијата се менува. Повеќе од сигурно е дека ќе заминете на пат со саканата личност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Во деловниот живот премногу сте оптеретени. Претерувате кога велите дека не ја чувствувате повратна љубов од саканото лице. Вашата нервоза ја пренесувате на другите околу вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потрудете се дел од вашите мани да ставите под контрола, преголемата амбициозност може да ви донесе само негативни влијанија. Затрупани сте со разни обврски, па немате време за љубов, партнерот се чувствува запоставено.
Риби (20.02 – 20.03)
Со сите сте во добри односи, а тоа ќе ви отвори повеќе врати. Во љубовта времето е ваш сојузник, затоа бидете трпеливи. Имате нагласена потреба да ја докажете својата страственост и своите способности.