4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорот на Boing се извини поради несреќата, но не дава оставка

Директорот на Boing се извини поради несреќата, но не дава оставка

Генералниот директор на Boing, Денис Малнберг се извинил во негово име на семејствата на жртвите загинати во падот на двата авиони  Boing модел 737 Max, но изјавил дека и понатаму верува дека треба да остане на чело на компанијата.

“Важно е да продолжам да ја водам компанијата, како и фактот дека од нашата работа зависат животи, без оглед на тоа дали се работи за луѓе кои летаат со нашите комерцијални авиони или мажи и жени во армијата кои ширум светот ги користат нашите воени производи”, изјавил Малнберг.

Како што објавија Business Insider, Малнберг испратил долго извинување до семејствата на жртвите, велејќи дека компанијата се чувствува “страшно” поради паѓањето на авионите на индонезиската компанија Lion Air и Ethiopian Air.

Авионот на Lion Air паднал во октомври 2018 година, а авионот на Ethioian Air во март 2019 година. Вкупно 342 лица загинаа во несреќите.

По падовите било откриено дека Boing не ги известил пилотите дека во моделите на авионот 737 Max се наоѓа нов софтверски систем кој придонел за несреќите.

“Воведувањето на овој софтвер – не сме го направиле правилно. Нашите инженери тоа го утврдија. Сега го поправаме. И нашата комуникација околу тоа не била таква како што требала да биде”, изјавил Малнберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП