3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРециклажа: KLM отвара фабрика за одржливо авионско гориво

Рециклажа: KLM отвара фабрика за одржливо авионско гориво

Холандската авиокомпанија “KLM” со своите партнери, SkyNRG и SHV Energy, го објави отворањето на првата европска фабрика за производство на одржливо авио-гориво (OAG).

Фабриката, која ќе почне со работа во 2022 година во Делфзејлу во Холандија, како суровина ќе го користи локалниот отпад, а емисиите на јаглероден диоксид ќе бидат намалени за 85 проценти во споредба со производството и користењето на фосилните горива, се наведува во соопштението на KLM.

Производствениот погон, прв од таков вид во светот, ќе биде специјализиран за производство на OAG, био-гас и нафта, користејќи како суровина првенствено локален отпад и остатоци од други индустрии, како употребено масло за јадење, а фабриката за работа ќе го користи водородот кој се произведува со помош на енергија, вода и ветер.

“Од 2022 година, фабриката ќе произведува 100.000 тони OAG годишно, од кои KLM ќе купува 75.000 тони. Ова ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 200.000 тони годишно, што е еквивалентно на емисиите кои се ослободуваат за време на илјада летови на KLM помеѓу Амстердам и Рио де Жанеиро”, изјави Питер Елберс, претседател и извршен директор на KLM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП