2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТVR со нови модели во 2015-та

ТVR со нови модели во 2015-та

TVR-Sagaris-2006-1-1024x768

Буквално оживеан од страна на британскиот претприемач Лес Едгар, автомобилскиот бренд „TVR“ би требало да се врати на пазарот на спортски автомобили во наредните две години.

Новиот соптственик на „TVR“ изјави дека компанијата ќе развива потполно нови модели кои би требало да бидат готови најрано до 2015-та година. Британците најавија дека подготвуваат и нова верзија на „Sagaris“, но не беа откриени повеќе детали поврзани за него.

„Се уште не сме одлучиле какви чекори ќе превземеме. Мислам дека новата верзија на „Sagaris“ би можеле да ја направиме за една година, но сметам дека ќе се определиме за изработка на нови модели за кои ќе ни е потребно двојно повеќе време“, изјавил Едгар.

Според изворите идниот нов модел на „TVR“ ќе чини помеѓу 65.000 и 100.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП