3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманските обвинители го проверуваат Porsche поради сомневање за корупција

Германските обвинители го проверуваат Porsche поради сомневање за корупција

Канцеларијата на државниот обвинител во Штутгарт соопштил дека истражувачите ги претресуваат канцелариите на германскиот производител на спортски автомобили Porsche поради сомневање дека поткупувале ревизор за добивање на даночни информации.

“Постои сомневање дека службеник од канцеларијата за ревизија на деловните објекти во Штутгарт открил многу доверливи информации на даночниот советник на компанијата Porsche AG и прифатил надомест во замена”, се наведува во соопштението.

Околу 200 полицајци и истражувачи од канцеларијата на државното обвинителство ги пребарале просториите на компанијата, даночните служби, даночниот советник на Porsche и приватната куќа во Штутгарт во потрага по хартиени и дигитални документи.

Освен истрагата за можниот поткуп, истражувачите се сомневаат дека компанијата на поранешниот член на работничкиот совет исплатила “несразмерно висока” сума на пари.

“Шест лица, вклучувајќи и некои од самата администрација на компанијата, можеби извршиле измама на сметка на Porsche AG”, се наведува во соопштението на Канцеларијата на државниот обвинител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП