29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba размислува да оди на берза - цел 20 милијарди долари

Alibaba размислува да оди на берза – цел 20 милијарди долари

Кинескиот гигант на полето онлајн трговијата Alibaba Holding, размислува за котација на акциите на берзата во Хонг Конг.

Така би се собрале до 20 милијарди долари, дознаваат тамошните медиуми од неименуван извор.

Извори упатени во ситуацијата изјавиле дека компанијата работи со финансиски советници на планираната понуда на акции, а целта на котацијата е диверзификација на изворите на финансирање и зголемување на ликвидноста.

Додале дека Alibaba планира да излезе на берзата во Хонг Конг во втората половина од годинава, според извори на агенцијата Bloomberg.

Меѓутоа, тие изјавиле дека тоа се прелиминарни планови и дека се предмет на промена.

Alibaba Holding на нејзината рекордна иницијална јавна понуда на акции на берзата во Њујорк, во септември 2014 година собра 25 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП